Над милион Македонци користат интернет

Bez autora
Sep 28 2011

Во Македонија интернет користат околу 1,1 милиони луѓе или 51% од населението, а 878.300 се приклучени на социјалната мрежа Фејсбук, покажуваат податоците на специјализираниот статистички веб сајт "Интернет ворлд стат". Од земјите во регионот повеќе од Македонците интернет користат Словенците (64,9%) и Србите (56,2%), а помалку граѓаните на Хрватска (50,1%), Бугарија (47,9%), Грција (46,2%), Црна Гора (45,9%), Албанија (43,4%), БиХ (31,2%) и Косово (20,7%). Во Европа интернет користат 476 милиони луѓе, а Фејсбук 209 милиони. Глобалната онлајн мрежа најмногу ја користат жителите на Исланд, Монако и Норвешка, околу 97 отсто. Според "Интернет ворлд стат" во светот има 2,1 милијарди интернет-корисници или 30,2% од вкупната светска популација.

Над милион Македонци користат интернетВо Македонија интернет користат околу 1,1 милиони луѓе или 51% од населението, а 878.300 се приклучени на социјалната мрежа Фејсбук, покажуваат податоците на специјализираниот статистички веб сајт "Интернет ворлд стат".

Од земјите во регионот повеќе од Македонците интернет користат Словенците (64,9%) и Србите (56,2%), а помалку граѓаните на Хрватска (50,1%), Бугарија (47,9%), Грција (46,2%), Црна Гора (45,9%), Албанија (43,4%), БиХ (31,2%) и Косово (20,7%).

Во Европа интернет користат 476 милиони луѓе, а Фејсбук 209 милиони. Глобалната онлајн мрежа најмногу ја користат жителите на Исланд, Монако и Норвешка, околу 97 отсто. Според "Интернет ворлд стат" во светот има 2,1 милијарди интернет-корисници или 30,2% од вкупната светска популација.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik